Прес конференција, Штип го добива првиот министер во Влада |
Thursday, 20 August 2020 15:35 | |||
There are no translations available. Почитувани претставници на медиумите, СДСМ ја формира новата Влада. Добиваме нов состав со чесни, исполнителни, посветени кадри кои ќе продолжат да ја водат земјата напред и во нови успеси. Почитувани штипјани, Почитувани сограѓани,
• Во рекордно време и со 70 проценти сопствени сопствени средства изградивме нова детска градинка после 30 години, со што го решивме проблемот со недостаток на капацитети за сместување дечиња во градинките во нашиот град; • Изградивме нов мост на река Брегалница, кој претставува нова и значајна артерија во градскиот сообраќај, како и врска меѓу двете најбрзорастечки населби; • Ја завршивме обиколницата со два кружни тека за поголема безбедност на граѓаните; • Изградивме нов водовод во населба Балканска; • Изградивме платформа со нови паркинг места и обезбедуваме паркинг и солидни сообраќајни решенија во централното градско подрачје, а веќе во напредна фаза е изградбата на втората платформа, • Изградивме нов пат до село Почивало и нови улици во Караорман; • Изградивме и реконструиравме над 50 штипски улици со должина околу 18 километри должина, а реконструиравме и градевме над 14 илјади метри квадратни тротоари, пешачки површини и платоа; • Градиме затворен базен; • Се гради Аква паркот во Штип како приватна инвестиција, но ние веќе ја градиме тамошната инфраструктура, улици, водоводи и канализации за овој Аква парк кој ќе биде отворен наскоро. • Се реализира деценискиот сон на штипјани – градиме брана на река Отиња која ќе биде реализирана токму преку министерството за транспорт и врски. • Граѓаните нскоро ќе добијат нов најмодерен стадион. Изработив проект за градскиот стадион во Штип, а преку програмите на ФФМ обезбедив финансиска конструкција за изградба на првата трибина, а веднаш потоа и на втората. За потсетување трибините на постоечкиот стадион се изградени во шеесетите години на минатиот век. Почитувани граѓани, Ова е за мене емотивен момент на измешани чувства затоа што со максимална одговорност, труд и работа се вложив и се посветив на решавање на секое важно прашање за градот и граѓаните. Резултатите тоа го покажуваат. Како градоначалник силно се заложив за секој еден проект кој е на нашата агенда, а со кој се обезбедува вистински развој за Штип. Со сите сили се борев за да започне изградбата на брана на реката Отиња. Се будев и легнував со мисла за предизвиците и потребите на градот и моите сограѓани. Дадов голема жртва за да го трасирам патот за вистински развој на Штип. Ова беше препознаено од Претседателот на партијата и мандатар за состав на новата влада, и јас сум единствениот градоначалник кој добива огромна чест да го водам ова големо и гломазно министерство и секако да бидам репрезент на мојот град Штип. Драги штипјани, Повторно и повторно се обврзувам пред сите вас дека ќе продолжам да работам на значаен инфраструктурен развој, не само на Штип и на регионот, туку овој пат на целата земја. Беспоштедно ќе се посветам на труд и многу работа во изградбата на модерна и европска инфраструктура, која е главен предуслов за растечка економија и висок квалитет на живот. Моја мисија е да ја отвориме вратата на науката преку примена на сите нови модерни европски стандарди во изградба на патната инфрструктура. Почитувани сограѓани, Како и досега, така и понатаму, јас ќе продолжам да работам макотрпно за да изработам што е можно повеќе проекти за граѓаните. Продолжуваме понатаму, чекориме цврсто и одлучно кон остварување на нашата цел за подобар и поквалитетен живот на сите граѓани. Докажуваме дека можеме! Уште повеќе. Уште подобро.
|