Посета на Филтер станица од страна на претставници од Јапонска агенција за меѓународна соработка – Џајка |
Thursday, 23 January 2020 14:15 | |||
There are no translations available.
Агенцијата Џајка има инвестирано во оваа Филтер станицата за реконструкција и денеска нејзините претставници извршуваат увид до каде се работите. Општина Штип редовно го исплака тој кредит кон оваа агенција. „Денеска сме овде заради запознавање на претставниците од Џајка до каде е целата реконструкција и како ќе излеземе од овој процес којшто е почнат од поодамна. Ги запознав претставниците дека Министерството за земјоделство има распишано јавна набавка за опрема и за изградба на уште еден објект овде со цел да со таа најнова опрема успееме да добиеме вода од хидросистемот Злетовица,“ изјави градоначалникот Бочварски. Општина Штип и ЈП „Исар“ се грижат Штип да биде стабилен со снабдување на вода во наредните години.
|