Home Events Јавна дебата на тема „Дигитализација на јавните услуги“
Јавна дебата на тема „Дигитализација на јавните услуги“
Thursday, 16 January 2020 16:30
There are no translations available.

E-Uslugi-01Денеска во просториите на Општина Штип се одржа јавна трибина на тема „Дигитализација на јавните услуги“ и ова е првата ваква јавна трибина од серијата трибини за Дигитализација на јавните услуги во Република Северна Македонија.

На оваа дебата присутни беа министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

На јавната трибина посебен фокус се страви на Националниот портал за елекстронски услуги како електронска платформа, преку која граѓаните им се овозможува да добијат информации за јавните услуги и да користат е-услуги од надлежните органи, значително олеснувајќи го административниот процес.

Градоначалникот Бочварски во своето поздравно обраќање ја поздрави оваа трибина потенцирајќи ја важноста затоа што граѓаните ќе можат да се информираат за предностите од порталот е-услуги.

„Општина Штип има потпишано меморандум  со невладината организација Инклузива за проект на тема „Пристапни и достапни јавни информации за лица со посебни потреби“.

Невладината „Инклузива“ има направено анализа на web страната на Општина Штип и има изготвен прирачник за адаптација на оваа страна.

Од страна на оваа невладина огранизација извршени се две обуки на општинската администрација и на институциите и обучени се 48 лица, а исто така во Штип одржана е и тркалезна маса со претставници од Општините од Источен плански регион и претставници од Министерство за информатичко општество и администрација,“ истакна Бочварски во своето обраќање.

Министерот Манчевски во изјавата за медиуми кажа дека порталот е-услуги обединува 127 услуги кои ги задоволуваат потребите на граѓаните и значително го намалуваат нивното корисно време додека ги извршуваат административните процеси.

Како една од значајните идни услуги кои ќе се најдат на порталот е-услуги е впишување на деца во детски градинки електронски.

E-Uslugi-02

E-Uslugi-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

April 2025
M T W T F S S
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize