Посета на прво родено дете во 2020 година |
Thursday, 02 January 2020 15:32 | |||
There are no translations available.
Во штипската Клиничка болница на 01.01.2020 г., во 08 часот се роди Матеј – првото машко дете во оваа година. „Сакам да упатам честитки за мајката Ана, за нејзиното второ дете во семејство. Во име на Општина Штип подаривме скромен подарок за Матеј и Ана и штедна книшка со 10 илјади денари. На мене ми е драго што вчера и денеска веќе се родени шест бебиња во акушерското одделение при Клиничка болница Штип,“ изјави градоначалникот Бочварски. Мајката Ана и Матеј подарок и честитки добија и од директорот на Клиничка болница, Ален Георгијев. Општина Штип упатува честитки за сите вработени во болницата, кои во новогодишната ноќ беа на работните места и се грижеа за здравјето на граѓаните.
|