Home Events Средба со Марија Џерковиќ Петровиќ, амбасадорка на Црна Гора во РСМ
Средба со Марија Џерковиќ Петровиќ, амбасадорка на Црна Гора во РСМ
Friday, 13 December 2019 14:40
There are no translations available.

Ambasadorka-CGГрадоначалникот на Општина Штип оствари средба со г-ѓа Марија Џерковиќ Петровиќ, амбасадорка на Црна Гора во РСМ, г-дин Бранко Азески, почесен конзул на Црна Гора во Штип и г-дин Никола Љушев, директор на Македонски Телеком.

,,Штип е сериозен потенцијал,капацитет во дел од економијата. Разговараме за вмрежување и соединување со компании од Црна Гора каде ќе се развие бизнис соработка , ќе се отворат нови работни места ,ќе помогнеме во развојот на економиите на двете држави.

Економиите можат да бидат секогаш на повисоко ниво и заради тоа нашите напори се во таа насока.

Во дел на културата Општина Штип има можност да се поврзе со културни здруженија кои во наредната 2020 година би можеле да ги видиме во рамки на

 ,, Штипско културно лето'', истакна градоначалникот Благој Бочварски.

 

Една од причините за оваа средба е развивање на потенцијалот за развој на економските контакти, и трговска размена.  

,,Градоначалникот ме запозна со развојните потенцијали на општината и областа, културните и универзитетски можности.

Зборевме и за соработка на локално ниво во таа смисла во фокусот беше економијата и јакнење на соработката на локално ниво. Јакнење на инвестицискиот процес.

Денес ќе бидам во позиција да поразговарам со компанија која веќе соработува со Црна Гора и они компании кои се заинтересирани да воспостават соработка се со цел јакнење на економскиот капацитет, развој ,отворање на нови работни места.''истакна амбасадорката  Марија Џерковиќ Петровиќ.


Амбасадорката изрази искрени желби во иднина за можно збратимување на Општината Штип  со град од Црна Гора кој ќе одговори на потребите , целите и развојниот капацитет.

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

April 2025
M T W T F S S
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize