Прием на пијанистката Душица Митрева |
Friday, 01 November 2019 11:04 | |||
There are no translations available. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски во својот кабинет ја прими пијанистката, Душица Митрева.
Душица е трето одделение, а има добиено 12 награди и признанија меѓу кои прва награда на меѓународен фестивал во Србија и втора награда на меѓународен натпревар во Будимпешта во свирење пијано.
„Посакувам многу нови достигнувања на Душица, убеден сум дека успешно ќе го претставува Штип и во иднина, а ние како Општина се обврзуваме да помагаме со цел Душица да ги достигне височините во музичката уметност,“ истакна градоначалникот Бочварски.
|