Состанок на Управен одбор за солидарен фонд |
Tuesday, 22 October 2019 13:55 | |||
There are no translations available.
На оваа седница се избра претседател на управниот одбор и извршен директор. За претседател на управниот одбор е избран градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, а за извршен директор е избран, Никола Тушев. „Денеска ја имавме конститутивната седница на Управниот одбор за солидарниот фонд, на која избравме претседател и извршен директор. Овој солидарен фонд ќе има своја сметка на која граѓаните ќе можат да донираат и истиот ќе се користи за секаква помош на нашите сограѓаните. На овој состанок разговаравме и за случајот на нашата сограѓанка Симона Хаџи-Тошев и ние како членови на овој солидарен фонд ќе донираме средства, а дополнително повикувам секој граѓанин да го направи истото,“ изјави градоначалникот Бочварски. За членови на управниот одбор се именуваат: Даница Рамбабова, Борис Шарковски, Александар Патраклиски, Иван Бојаџиски, Билјана Ефтимова и Емилија Ефремова.
|