Увид во инфраструктурно уредување на краци од улици во Стар Караорман |
Wednesday, 27 June 2018 13:01 | |||
There are no translations available.
„Ова е од суштинско значење и приоритет за Општина Штип. Како што ветивме пред граѓаните, ги доведуваме сите населени места, секоја населба во нормална состојба за живот, секој граѓанин да добие пристојни услови. Токму во таа насока, овие денови се тампонираат 710 метри улици во Караорман коишто чинат околу 620.000 денари. Ова е првата фаза, а веднаш потоа имаме апликација до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство за обезбедување дополнителни средства за асфалтирање на овие улици и дополнителни уште 500 метри улици, со што целата населба Караорман ќе биде со квалитетна инфраструктура, со тампонирани и асфалтирани улици и со тротоари. До крајот на година ќе ќе успееме да ги решиме сите инфраструктурни проблеми овде, за граѓаните да имаат услови за пристоен живот еднакво на територија на цела општина Штип,“посочи градоначалникот Бочварски. До крајот на оваа година треба да се реализира втората фаза, којашто ќе биде насочена кон фино планирање и асфалтирање, а тоа се планира да се направи преку средства добиени од Фондовите. Штом Општина Штип добие средства, ќе бидат асфалтирани овие, но и многу други улици во оние средини од нашата општина коишто се сметаат за рурални. Новата локална власт носи планови и проекти за патишта, улици, канализации, водоводи, градинки, училишта, спортски терени и гасна мрежа. Ја приспособуваме целата постојна урбана и рурална инфраструктура да биде во функција на потребите на граѓаните. Градиме одговорно, квалитетно и домаќински, за сите жители на нашата општина да добијат решение кое ќе им го подобри животот во нивната средина. Ги намалуваме разликите помеѓу градските и селските средини. Градиме по план, обезбедуваме инфраструктура за сите.
|