Одбележани 17 години од загинувањето на бранителите Димитар Двојаковски и Влатко Петров |
Thursday, 03 May 2018 13:30 | |||
There are no translations available.
Свое обраќање имаше претседателот на Совет на Општина Штип, Јане Миланов: „Овде сме за да им оддадеме почит на бранителите, Овде сме за да им оддадеме почит на бранителите, но и на нивните најблиски, зашто тагата треба да се сподели, но и за да им кажеме дека нивните жртви и дела нема да бидат заборавени. На денешен ден, точно пред 17 години во 2001 во воениот конфликт нашите сограѓани Влатко Петров и Димитар Двојаковски го дадоа својот живот за одбрана на нашата татковина. Тие се меѓу првите загинати во воениот конфликт.
Нашите другари и сограѓани Влатко Петров и Димитар Двојаковски, починаа без да умрат, бидејќи секогаш ќе се сеќаваме на нивниот придонес за нашата држава. Благодарноста кон нивното дело секогаш ќе биде премала во споредба со нивната саможртва втемелена во идината на својата татковина,“ истакна претседателот на Совет на Општина Штип, Миланов.
|