Состанок за формирање на стратегија за локален економски развој 2018-2023 година |
Thursday, 03 May 2018 11:49 | |||
There are no translations available.
Неопходноста од изработка на стратегија за локален економски развој произлегува од важноста да се идентификуваат клучните проблеми со кои се соочува Општина Штип и таа има за цел долгорочно да ги определи генералните насоки на развој на Општина Штип. „Стратешкото планирање Стратешкото планирање треба да придонесе за остварување на визијата на Општината преку остварување стратешки цели, кои претставуваат мерки за решавање на најгорливите проблеми со кои се соочува Општина Штип. Со цел поквалитетно изготвување на стратешкиот план на Општина Штип, вклучени се сите заинтересирани структури на општината, организирани во координативно тело. Во изготвувањето на Стратегијата за локален економски развој на Општина Штип за пердиодот 2018-2023 г. ќе учествува Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип.
|