Доделено трајно градежно земјиште за изградба на детска градинка во Општина Штип |
Wednesday, 21 March 2018 15:26 | |||
There are no translations available.
„Сакам да ја информирам јавноста во Општина Штип дека вчера на седница на Владата на Република Македонија е доделено градежно земјиште за изградба на детска градинка во населба Сењак, на Општина Штип. Ова е уште еден чекор во насока на изградба на еден од најголемите капитални проекти којшто го ветивме во предизборната кампања и со кој посебно се гордееме. Токму затоа ја информирам јавноста дека се работи за парцела од 5518 м2 каде што ќе се изгради градинка за околу 200 дечиња. Наредниот чекор е да ги добиеме средствата кои се веќе изгласани на источен плански регион од околу 16.000.000.00 денари, а Општина Штип ќе го покрие остатокот од својот буџет со нешто повеќе од 20.000.000.00 денари. Очекувам во април месец да дојде одлуката за овие средства и ние во најскоро можен период ќе распишеме тендер за изведувач на детската градинка“ - рече градоначалникот Бочварски.
|