Посета на ООУ „Славејко Арсов“ Штип и презентација на реформи во основното образование |
Thursday, 15 February 2018 16:16 | |||
There are no translations available.
Подоцна, градоначалникот Бочварски и министерката Тренеска Дескоска присуствуваа на презентација на реформите во основното образование, на којашто учествуваа директори на основни училишта и одделенски наставници од Општина Штип и регионот. На презентацијата се зборуваше за клучните промени предвидени во наставата од прво до трето одделение. На почетокот од презентацијата се обрати и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, којшто истакна дека е особена чест и задоволство да се организира ваква презентација токму во Штип, градот на првата учителска школа, град од кој секогаш започнуваат промените. „Децата се основна клетка на „Основното образование треба да биде мост помеѓу училиштето и семејството, партнерски однос и кооперативност помеѓу наставниците и учениците. Треба да се овозможи развој на личноста која е подготвена да превземе граѓанска одговорност, развивање на индивидуалните потреби и афинитети, култура на живеење, развој на независна, отворена, критичка и демократска личност, подготвена за акција и нови предизвици.
Основното образование и воспитание, покрај следењето на современите тенденции, се темели и на богатството и разновидноста на културното наследство, на принципите на транспарентност, препознатливост, компатибилност и демократските принципи, кои треба да ја изразат неговата ефективност. Децата треба да учат преку игра, да доаѓаат сами до информации и активно да учествуваат во наставата. Општина Штип е отворена Општина, подготвена за нови предизвици и нови идеи“ рече градоначалникот Бочварски и им посака на присутните успешна и плодна работа.
|