Прва средба на УО на Солидарен Фонд |
Wednesday, 14 February 2018 14:44 | |||
There are no translations available.
Како претставници од Совет на Општина Штип се советничките Слободанка Момчилова и Весна Ничева, претставник од невладините организации е Борис Шарковски од ФРЛЗ, претставник од бизнис секторот е Владимир Хилјадников, претставник од ОО Црвен Крст Штип е Никола Камчев, претставник од Лекарска Комора е д-р Ален Георѓијев, претставник од медиумите е новинарот Зоран Зарински, а претставник на Општина Штип во Управниот Одбор на овој Солидарен Фонд е градоначалникот Благој Бочварски. „Солидарниот Фонд е потребен Градоначалникот Бочварски истакна дека првите чекори на Управниот Одбор на Солидарниот Фонд ќе бидат во насока да се донесе решение за начинот и формата на функционирање на Фондот, но и како ќе се полни истиот. „Средствата од Фондот ќе бидат наменети за лечење тешки болести во странство, односно Солидарниот Фонд ќе има строга намена,“ посочи градоначалникот Бочварски. Освен Управен Одбор, за непречено и транспарентно работење на Фондот ќе бидат вклучени родителите кои веќе биле засегнати со проблемот обезбедување финансии за лечење на нивните најблиски, и тоа во Надзорен Одбор. Како членови на Надзорен Одбор на Солидарниот Фонд избрани се Марина Зафировска, Душанка Стојанова и Зоран Мијалков.
|