Thursday, 13 December 2018 15:04 |
There are no translations available.
- Почитувани,
- Залудни се обидите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и советникот Љубе Здравков да ја манипулираат штипската јавност, очајнички обидувајќи се да добијат политички поени кај граѓаните.
- Граѓаните и вработените во ТППЕ Штип знаат дека токму ВМРО-ДПМНЕ 10 години немаше слух за овие вработени.
- Граѓаните треба да знаат дека Територијалната противпожарна единица има повеќе вработени од тоа што е потреба за територијата на Општина Штип и Општина Карбинци.
- Граѓаните треба да знаат дека поради неодговорното работење на претходната локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Општина Штип има повеќегодишни судски спорови.
- За информација на граѓаните до сега овие вработени беа без решенија за распоредување на работно место со статус на овластени службени лица во областа на безбедноста.
- По согласноста од Министерство за информатичко општество и администрација сите пожарникари во септември 2018 година добија решенија за распоредување на работно место со статус на овластени службени лица во областа на безбедноста.
- Општина Штип во согласност со пресудата на Основниот суд во Штип ја покачи платата за 20%. Во пресметката за плата пресметани се сите додатоци на плата што им следувааат на начин којшто го налага пресудата од Основен суд Штип.
- Повторуваме дека во овој момент за првпат после повеќе години се покачува платата на пожарникарите.
-
-
|