Писмена реакција на прес конференција на советник во Совет на Општина Штип |
Thursday, 22 November 2018 15:35 | |||
There are no translations available. Лицемерието на советникот Љубе Здравков и ВМРО-ДПМНЕ нема крај. Ова раководство на ФК Брегалница врати 1.500.000 денари или повеќе од 25.000 евра долгови оставени од времето на криминалите на ДПМНЕ. Време во кое ФК Брегалница имаше речиси двојно поголеми буџети, а нижеше неуспеси и излезе од прва лига. Јавно го прашуваме советникот Љубе Здравков дали во времиња кога Брегалница излегуваше од прва лига, тој гласаше за двојно поголеми буџети од преку 18 милиони денари. Јавно го прашуваме советникот Љубе Здравков зошто ги поддржуваше двојно поголемите буџети на ФК Брегалница во моменти кога таа излегуваше од прва лига. Граѓаните добро се сеќаваат на одлуките на тогашната власт. Лицемерието на советникот Љубе Здравков оди дотаму што личните ставови и одлуки ги променува по партиски наредби и единствено за политички поени. Денес парите доделени на ФК Брегалница одат на вистинското место, навремено се исплаќаат плати, се сервисираат долговите останати од ВМРО-ДПМНЕ и се инвестира во инфраструктура потребна за напредок на овој клуб. Денес Брегалница ја водат спортисти и спортски работници, за разлика од времето на ВМРО-ДПМНе кога ја водеа нивни партиски послушници.
|