честитка по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица |
Monday, 27 August 2018 09:08 | |||
There are no translations available.
„Дозволете во мое лично име и во име на Општина Штип до сите православни верници да упатам искрени честитки по повод овој голем празник, со желби за добро здравје, мир и благосостојба. Со славењето на овој празник се афирмираат основните човекови вредности на почит, правичност и праведност, вредности коишто претставуваат основа на нашето современо и праведно општество. Овој празник потсетува на суштинското значење на човечката посветеност и искреност. Нека овој празник биде поттик за подадена рака, солидарност, меѓусебна поддршка и толеранција. Со добри мисли и хуманост да го градиме нашиот заеднички дом во кој приоритети се меѓусебна почит, разбирање и добрина.“
|