честитка по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица |
Понеделник, 27 Август 2018 09:08 | |||
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, упати честитка до сите верници од православна вероисповед, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, во која се вели: „Дозволете во мое лично име и во име на Општина Штип до сите православни верници да упатам искрени честитки по повод овој голем празник, со желби за добро здравје, мир и благосостојба. Со славењето на овој празник се афирмираат основните човекови вредности на почит, правичност и праведност, вредности коишто претставуваат основа на нашето современо и праведно општество. Овој празник потсетува на суштинското значење на човечката посветеност и искреност. Нека овој празник биде поттик за подадена рака, солидарност, меѓусебна поддршка и толеранција. Со добри мисли и хуманост да го градиме нашиот заеднички дом во кој приоритети се меѓусебна почит, разбирање и добрина.“
|