Home Announcements Писмена реакција на прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип
Писмена реакција на прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип
Tuesday, 13 February 2018 14:37
There are no translations available.

Почитувани,

Со жалење констатираме дека од ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип немаат капацитет да ги напуштат политиките на деструкција, блокади и ширење лажни вести.

Фактите за одличното работење на новата локална власт е невозможно да бидат оспорени, бидејќи граѓаните ги чувствуваат позитивните придобивки.

Намалена е цената на вода за пиење, обезбедени се средства за нова детска градинка, за допроектирање на брана на река Отиња, се преземени бројни инфраструктурни потфати за зголемување на квалитетот на инфраструктурата во на цела територија на Општина Штип. Новата локална самоуправа има слух за сите граѓани, во училиштата има бројни новини, а секојдневно се работи на нови проекти. Тоа е само мал дел од постигнувањата на новата локална власт изминатите сто дена.

Очајната финансиска состојба наследена од претходната неодговорна власт е стабилизирана во изминатите сто дена, а на сметката на Општина Штип има околу 20 милиони денари, и тоа после исплатени плати за вработените.

Недомаќинските и непродуктивни трошења во сите институции се укинати. Работиме домаќински, транспарентно и одговорно, во интерес на граѓаните.

Апелираме ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип да ги напушти деструктивните практики на работа и конечно да се вклучи во работата на институциите, да ги застапува граѓаните, а не да ги изневерува сопствените гласачи со тоа што ги занемарува нивните интереси и потреби.

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

December 2024
M T W T F S S
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize