- Приклучувањето на објектите на правните и физичките лица на електричната мрежа на EVN Македонија се врши врз основа на Решение за согласност за приклучување издадено од страна на EVN Македонија.
- Согласност за приклучување на електричната мрежа на EVN Македонија е потребна при:
- изградба на нов објект кој се приклучува на електричната мрежа,
- зголемување на одобрената максимална едновремена моќност на корисникот на електричната мрежа,
- промена или реконструкција на приклучокот по барање на корисникот на електричната мрежа,
- промена на техничките карактеристики на уредите на корисниците на електричната мрежа кои имаат изразено повратно влијание на електричната мрежа,
- обединување на повеќе мерни места во едно мерно место, и
- поделба на мерното место на поголем број на мерни места.
- Барањето за согласност за приклучување се поднесува до Корисничките енергетски центри на EVN Македонија во писмена форма на образец БСП – 1 кој може да се прибави без надомест во Корисничките енергетски центри на EVN Македонијакаде е лоциран објектот на корисникот.
- EVN Македонија нема да ги приклучи објектите на правните и физичките лица кои:
- немаат прибавено согласност за приклучување на електричната мрежа,
- самоволно изградиле приклучок спротивно на Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија и Решението за согласност за приклучување на дистрибутивната мрежа
- Неовластено приклучените правни и физички лица ќе бидат исклучени од мрежата на EVN Македонија и против нив ќе биде поднесена кривична пријава за кражба на електрична енергија.
- EVN Македонија е должнa да издаде Решение за согласност за приклучување на барателот на електричната мрежа кое содржи технички услови и детална пресметка на трошоци за изведба на приклучокот и трошоци за приклучување на дистрибутивниот систем (ставање под напон).
- Рокот за издавање на Решение за согласност за приклучување изнесува 15 дена за стандарден приклучок и 60 дена за нестандарден приклучок согласно мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија од денот на поднесувањето на барањето за приклучување.
- EVN Македонија ќе го одбие барањето за приклучување доколку:
- не постојат технички услови за приклучување на корисникот на дистрибутивниот систем според барањето на корисникот,
- приклучувањето на корисникот на електричната мрежа, според податоците содржани во барањето на корисникот, може да предизвика загрозување на сигурноста во снабдувањето на останатите потрошувачи.
- барателот има неплатени обврски кон EVN Македонија.
- Незадоволната странка има право да изјави жалба против Решението за одбивање на барањето за согласност за приклучување на EVN Македонија до Регулаторната комисија за енергетика во рок од 15 дена од денот на приемот на решението.
- Во зависност од местоположбата, оддалеченоста на местото на приклучување и максималната едновремена моќност на објектот на потрошувачот постои стандарден и нестандарден приклучок.
- А. Стандарден приклучок е нисконапонски приклучок чија максималната едновремена моќност на приклучокот е помала или еднаква на 40 kW, при што:
- објектот кој се приклучува се наоѓа на подрачје кое е опфатено со детален урбанистички план (ДУП), или
- објектот не се наоѓа на подрачје кое е опфатено со ДУП, но оддалеченоста на објектот на корисникот до местото на приклучување на дистрибутивниот систем каде е технички можно да се изврши приклучување е помала или еднаква на 30 метри.
- Б. Нeстандарден приклучок е секој среднонапонски приклучок, како и нисконапонски приклучок чија максималната едновремена моќност на приклучокот е:
- поголема од 40 kW и мерењето е преку мерни трансформатори, или
- помала или еднаква на 40 kW, при што објектот не се наоѓа на подрачје кое е опфатено со ДУП, но оддалеченоста на објектот на корисникот до местото на приклучување на дистрибутивниот систем каде е технички можно да се изврши приклучување е поголема од 30 метри.
Условите и критериумите за стандардни и нестандардни приклучоци се дадени и табеларно во следната табела:
напонско ниво на приклучување
|
низок напон
0,4 kV
|
среден напон
6 kV, 10 kV, 20 kV и 35 kV
|
максимална едновремена моќност
|
≤ 40 kW
|
> 40 kW
|
> 0 kW
|
Оддалеченост на објектот од местото на приклучувањето
|
≤ 30 m
|
> 30 m
|
> 0 m
|
> 0 m
|
Објектот е опфатен со ДУП
|
Стандарден
|
Стандарден
|
Нестандарден
|
Нестандарден
|
Објектот не е опфатен со ДУП
|
Стандарден
|
Нестандарден
|
Нестандарден
|
Нестандарден
|
- Лицето кое бара приклучување на електричнате мрежа на EVN Македонија е должно да ги поднесе трошоците за приклучувањето согласно Законот за енергетика и Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија.
- За стандардни приклучоци, барателите на приклучок плаќаат упросечен нисконапонски стандарден приклучок врз основа на ценовник утврден од EVN Македонија. За стандардните приклучоци, EVN Македонија издава решение за согласност за приклучување со прилог во кој се наведени упросечените трошоци за приклучување.
- За нестандардните приклучоци, барателите на приклучок плаќаат надоместок согласно деталната пресметка на трошоците за приклучување, содржани во прилог на решението за согласност за приклучување на дистрибутивниот систем.
- По издавањето на согласност за приклучување и надоместувањето на трошоците за приклучување, EVN Македонија е должен да го изведе приклучокот и да го приклучи потрошувачот на дистрибутивниот систем. Лицето кое бара приклучување на електричната мрежа има право да избере претпријатие од листата на овластени градители на EVN Македонија за изградба на приклучокот. Овластените градители ги избира EVN Македонија по пат на јавен тендер согласно Закон за јавни набавки.
- EVN Македонија на сопствен трошок е должна да вгради мерен уред за лицата кои бараат приклучување на електричната мрежа, трошоците за вградување, одржување и замена на неисправните мерни уреди се на терет на EVN Македонија. Мерните уреди кои ги вградува компанијата на сопствен трошок се сопственост на EVN Македонија.
- По изведбата на приклучокот EVN Македонија врши интерен технички прием на приклучокот и прибавува одобрение за употреба на објектот од надлежните државни органи.
- По издавањето на одобрение за употреба на приклучокот од надлежните државни органи, EVN Македонија ќе го стави под напон објектот на лицето кое барало приклучување на електричната мрежа за што барателот на приклучок треба да поднесе барање за ставање под напон до EVN Македонија на образец БСН – 1 во писмена форма кој може да се прибави без надомест во Корисничките енергетски центри на EVN Македонија или да се превземе по електронски пат од нашата веб страна www.evn.com.mk..
- Рокот за ставање под напон на објектот на барателот на приклучок изнесува 15 дена од денот на поднесувањето на барањето за ставање под напон.
-
Лицето кое барало приклучување на електричната мрежа е должно да склучи Договор за снабдување со електрична енергија со EVN Македонија.
|