Оцена на влијание врз животна средина за проектот – Изградба на насипна брана со придружни објекти „Отиња“ во општина Штип |
Понеделник, 26 Август 2019 12:24 | |||
Ве информираме дека инвеститорот Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, со седиште на улица „Аминта трети“ бр. 2, Скопје, ја достави Студијата за оцена на влијание врз животната средна за проектот – Изградба на насипна брана со придружни објекти „Отиња“ во општина Штип. Студијата е достапна за увид на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планитање www.moepp.gov.mk , во просториите на Сектор за комуникација со јавност на Министерството со седиште на улица „Кеј Димитар Влахов“ бр.4 секој работен ден од 08:30 часот до 16:30 часот и во просториите на Општина Штип. Согласно член 91 став 1 од Законот за животна средина, Јавната расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот – Изградба на насипна брана со придружни објекти „Отиња“ ќе се одржи на ден 27.08.2019 година (вторник) со почеток од 12:00 часот во сала на Совет на Општина Штип.
|