Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Соопштенија Писмена реакција на денешната прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип
Писмена реакција на денешната прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип
Среда, 14 Август 2019 14:05

opstina-stip-zgrada-3Очигледно е дека паниката кај ВМРО-ДПМНЕ е огромна веројатно поради позитивните резултати и бројки кои произлегуваат од оваа анкета, поради огромниот процент на граѓанска поддршка за нашите проекти и политики, за изградба на брана на реката Отиња, изградбата на детската градинка, проектирањето на гасификацијата, СРЦ Суитлак и многу други проекти.

За жал ВМРО-ДПМНЕ сеуште мисли дека партијата и државата се едно, како што беше во време на нивното владеење.

Би сакале да ве информираме дека интересите на Општина Штип и на граѓаните не можат и не смеат да се поистоветат со интересите на една политичка партија.

Општина Штип направи сондажа и мерење на јавното мислење, нешто што е практика секаде, а врз база на тие податоци ќе креираме идни политики и проекти за развој на општината.

Оваа анкета е спроведена по закон за јавни набавки во отворена и транспарентна постапка на која може да конкурира секој субјект кој врши ваква дејност.

Општина Штип и понатаму ќе продолжи да комуницира со граѓаните, да го слуша гласот на граѓаните преку сондажи и мерења, средби по урбани заедници и средби во просториите кај градоначалникот и службите во општината, кои стојат на нивно располагање.

Досега градоначалникот како пракса во својот кабинет има разговарано со преку 5000 граѓани што е уште еден доказ за отвореноста на нашата Општина.

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Ноември 2024
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize