Писмена реакција на денешната прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип |
Вторник, 12 Март 2019 14:55 | |||
Општина Штип има договор за донација со ЈП „Државни патишта“ со кој е корисник на дрвна маса исечена од експресниот пат Штип-Радовиш. Бидејќи освен за Територијалната противпожарна единица и казнено поправниот дом во Штип, Општина Штип нема потреба од дрва за огрев, донираните дрва ги подарува на социјално загрозените семејства. Ја информираме опозициската партија дека овде нема никаква политика, Општина Штип помагала и во иднина ќе продолжи да помага на социјално загрозените семејства.
|