Секторот за образование, јавни дејности и локален економски развој ги врши следните работи:
- ги следи законските и подзаконски акти од надлежната област и истите ги применува;
- изготвување на одлуки и други општи и конкретни акти од надлежност на советот и градоначалникот, од областа на економскиот развој, трговијата, занаетчиството, туризмот и угостителството;
- изготвува планови за локален економски развој;
- иницира утврдување на развојни и структурни приоритети, како и основи и мерки за водење на локална економска политика на општината;
- иницира и развива регионална и меѓугранична соработка;
- учествува во координирање и водење на меѓународни проекти;
- овозможува услови за подршка на развојот на малите и средните претпријатија, претприемништвото, земјоделството и агроберзата;
- го следи извршувањето на плановите и предлага мерки за нивно остварување;
- обезбедува документациона база на податоци за потребите на планирањето и програмирање на економскиот развој;
- изработка на бази на податоци за потребите на општината;
- ги следи активностите на невладините организации и иницира и координира соработка со нив;
- води евиденција, регистар, примање и обработување на пријави и обрасци предвидени со закон;
- ги следи прописите и нивните измени и дополнувања;
- врши анализа на состојбата и дава иницијативи и предлози за нејзино подобрување;
- врши и други работи што ќе бидат ставени во негова надлежност со акт на советот или градоначалникот на општината.
|