Работна средба за зголемување на соработката помеѓу локалните чинители и општината за поголема финансиска транспарентност |
Четврток, 24 Март 2022 10:11 | |
Целта на активноста е локалните чинители да станат активни страни во процесите на финансиската транспарентност на општините и носењето одлуки на локално ниво. На работната средба се иницираше формирање на работна група која ќе биде од отворен карактер и во која може да учестуваат сите заинтересирани граѓани кои делуваат на локално ниво и придонесуваат за развојот и добробитта на локалната заедница, а претставуваат различни засегнати страни: неформални и формални здруженија на граѓани, медиуми, бизниси, уметници, спортисти, активисти и др. Секоја заинтересирана организација или активист кој/а сака активно да делува за подобрување на транспарентноста на општината може да се пријави во работната група преку испраќање на емаил порака на следната адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите Проектот е финансиран од страна на Делегацијата на Европската Унија во С. Македонија и во него се вклучени 18 општини од целата држава.
|