Реконструкција на улица Коле Неделковски |
Четврток, 07 Мај 2020 13:24 | |||
Се работи за комплетна промена на водоводната и канализационата линија, вадење на коцката, тампонирање, асфалтирање, нови рабници и пешачка површина. Ова е пример како една локална власт темелно треба да ги решава дотраените површини во градот. „Сакам да се заблагодарам на граѓаните поради трпението, бидејќи имаше мал застој во работните активности поради вонредната ситуација и корона вирусот. После 40 години извршена е комплетна реконструкција на 1700 метри квадратни улица и 700 метри квадратни површина за пешаци. Претходно е реконструирана водоводната и канализационата мрежа,“ истакна градоначалникот Бочварски. Инвестицијата за улицата и тротоарите чини околу 4,2 милиони денари, а за водоводната и канализационата мрежа е 715.000 денари.
|