Одбележување на Ден на смртта на Гоце Делчев |
Понеделник, 04 Мај 2020 12:19 | |||
Гоце Делчев беше сржта на револуционерната организација која ги постави темелите на македонската борба за независност. Денес ние ја живееме таа реалност, имаме своја самостоја држава, а тоа беше главната негова идеја во текот на целиот живот. Идол на денешните и идните генерации. Овој град, гордо му се поклонува на учителот кој се вратил во Македонија 1894 година како учител во Штип. Денес обединети се поклонуване за да го продолжиме делото на идеологот, револуционерот и нашиот учител. Денес нашата борба е да ја продолжиме неговата идејата за широки права на нашите сограѓани, силно демократско општество, развиена и просперитетна држава.
|