Комплетиран водовод во населба Балканска |
Четврток, 27 Февруари 2020 15:24 | |||
Јавното претпријатие „Исар“ во изминатите неколку месеци работеше на приклучување на градскиот водовод со оваа населба. Ова е голем чекор за локалната самоуправа бидејќи после многу години и после многу ветувања од страна на претходната власт, денеска граѓаните се соочуваат со нова реалност – чиста и здрава вода за пиење. „Во изминатите месеци работевме напорно за остварување на најголемото барање на жителите од оваа населба, направивме 4 километри цевка која е приклучена на градскиот водовод и граѓаните конечно добија чиста и здрава вода за пиење, оваа инвестиција чини 360.000 евра,“ истакна градоначалникот Бочварски. Директорот Живко Тасев истакна дека јавното претпријатие Исар работеше напорно во овој дел од градот и продолжуваат со приклучоци во населбите Македонка и Чардаклија. Основните услови за живот и подобрената инфраструктура се приоритет на локалната власт. Заеднички со граѓаните се подобруваат условите и Штип го доживува вистинскиот развој.
|