Посета на ООУ „Гоце Делчев“ Штип |
Понеделник, 27 Јануари 2020 15:24 | |||
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски ги посети двете школи во населбата Три Чешми и во централното градско подрачје. „Се наоѓаме во основното училиште Гоце Делчев во населба Три Чешми, каде во завршна фаза е дренажниот систем кој чини околу 900.000 денари со што учениците и наставниците овде нема да се соочуваат повеќе со влага во просториите,“ изјави градоначалникот Бочварски. Во основното училиште Гоце Делчев инвестирани се 2,4 милиони денари во нова опрема, нови клупи, смарт табли со што Општина Штип покажува дека парите на граѓаните се вложуваат во подобро и поквалитетно образование. Директорот Димов ја искажа благодарноста за добрата соработка со локалната самоуправа, која придонесува за подобрување на условите на образование како во ова така и во останатите образовни институции во градот.
|