Посета на Клиничка болница Штип |
Понеделник, 02 Декември 2019 14:57 | |||
Градоначалникот Бочварски го посети одделението за Кардиологија и беше запознаен со сите инвестиции и реконструкции на ова одделение, со цел подобро функционирање и задоволни пациенти. „Денеска имав можност одблиску да се запознаам со функционирањето на Клиничката болница во Штип. Заедно со директорот Георгијев извршивме увид во болницата и бев запознаен дека досега откако е назначен за директор, Клиничката болница и Министерство за здравство имаат инвестирано 350.000 евра во нова опрема. Морам да потенцирам дека зголемувањето на платите покажува дека Владата се грижи за медицинскиот кадар, својата иднина да ја креира овде. Досега заклучно со фебруари 2020 година зголемувањето на плати на лекарите специјалисти е 40 %, а на медицинските сестри е над 20%,“ истакна Бочварски. Градоначалникот Бочварски заедно со директорот Георгијев разговараа со дел од младиот персонал во болницата за тоа кои се нивните потреби и како се одразуваат новите инвестиции во болницата и во човечкиот капитал.
|