Меѓународен експертски состанок заподобрување на здравствената писменост во регионот |
Четврток, 28 Ноември 2019 14:31 | |||
На овој настан присутен беше градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски. „Здравствената писменост е развоен и динамичен процес. Таа се смета за општествена детерминанта на здравјето. Функцијата градоначалник ги претставува сите услуги на ниво на локалната заедница. Оттаму, за мене како градоначалник постојат многу димензии и области за интервенција преку кои може да се постигне високо здравствено ниво во заедницата. Овде се вклучени активности за промоција на здравје, спортови, набавка на храна и јавни угостителски објекти, младинско здравје и други аспекти кои се индиректно придонесуваат за здрав живот. Да се има здравствено писмена заедница или град значи да се вклучат сите членови за да се зголемат капацитетите на колективната здравствена писменост за поддршка на индивидуалци и семејства, за ублажување на негативните последици од неправичноста, но и за никој да не биде изоставен,“ кажа градоначалникот Бочварски во своето поздравно излагање. На овој состанок имаше претставници од Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Србија, Изреал и од Македонија претставник беше државниот секретар за здравство, д-р Владимир Милошев. Ова е прв ваков состанок кој се фокусира на оваа тема Општина Штип е почестена што е домакин на истиот.
|