Увид во градежни активности за изградба на водоводна линија на улица Сутјеска |
Понеделник, 11 Март 2019 14:20 | |||
Се работи за 550 метри водоводна линија и инвестиција во висина од 2 милиони денари, а изведувач на овие активности е јавното претпријатие Исар. „Општина Штип преку јавното претпријатие Исар денеска започнува со реконструкција на целата водоводна линија во должина од 550 метри, а инвестиционата вредност на овој зафат е околу 2 милиони денари,“ изјави Бочварски. Општина Штип распиша тендер за асфалтирање на овој дел од улица Сутјеска со што дополнително се обезбедува подобри услови за живеење на граѓаните од овој дел од градот.
|