Увид во изградба на тротоар до Кампус 4 |
Четврток, 07 Март 2019 15:22 | |||
Општина Штип инвестураше 2,3 милиони денари, а изведувач на овој градежен зафат е Фабрика Карпош Скопје. „Испроектиравме тротоар којшто служи не само да го разубави овој дел од градот, туку и за движење една убава пешачка патека за граѓаните, пред се овде мислам и на студентите коишто се движат кон Кампус 4. Така што ќе можат да имаат услови за безбедно движење овде по еден нов тротоар којшто е со должина од 1250 метри и квадратура од 1900 метри квадратни. Се работи на инвестиција на Општина Штип од 2,3 милиони денари,“ изјави Бочварски. Општина Штип дополнително ќе постави и клупи за граѓаните и улично осветлување, со што влезот на градот ќе добие нов поубав лик.
|