Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Настани Реконструкција на водовод и фекална канализација кај место викано Шардаван Баши
Реконструкција на водовод и фекална канализација кај место викано Шардаван Баши
Среда, 26 Септември 2018 12:31

M.V.ShardavanBashi-01Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, изврши увид во реконструкцијата на водовод и фекална канализација кај местото викано Шардаван Баши, каде неодамна нашите сограѓани посочија на проблем со водоводот и фекалната канализација.

ЈП „Исар“ во изминатиов период работеше одговорно и домаќински, што овозможи снабдување со нова машина, којашто ја користиме денес за да ги санираме проблемите со кои се соочуваат нашите сограѓани.

„Денеска се наоѓаме во населбата Шардаван Баши кадешто ЈП „Исар“ моментално работи на поставување на нова канализациона линија и нова водоводна линија за дваесетина семејства коишто имаа огромен проблем и со водоснабдувањето и со канализацијата. Ова место го посетивме уште во предизборната кампања кога заклучивме дека навистина тука условите за живот на граѓаните се многу тешки,“ стои во изјавата на градоначалникот Бочварски.

Овде се реконструираат 120M.V.ShardavanBashi-02 метри водоводна линија, а се врши и реконструкција на 120 метри канализациона мрежа.

Инвестиционата вредност на овој потфат е 276.000 денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Штип и ЈП „Исар“.

Со оваа реконструкција се решава горлив проблем на околу 20 домаќинства од оваа улица, коишто досега имале сериозни проблеми со водоснабдувањето и со фекалната канализација.

По завршувањето на водоводната и канализационата мрежа, продолжува ЈП „Стипион“ со бетонирање на 120 метри улица што ќе чини 520.000 денари.

Ги решаваме проблемите на граѓаните и обезбедуваме квалитетна инфраструктура за сите. 

 M.V.ShardavanBashi-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Април 2025
П В С Ч П С Н
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize