Градоначалникот со обраќање на настанот „Караван за детство без пречки“ |
Понеделник, 11 Декември 2017 14:05 | |||
Во организација на УНИЦЕФ, денес во НУЦК „Ацо Шопов“ се оддржа настанот „Караван за детство без пречки“ посветен на децата со посебни потреби. Настанот го поддржа и Општина Штип а свое обраќање имаше и градоначалникот на Штип, Благој Бочварски: - Се залагаме да ја подигнеме јавната свест за отстранување на пречките во средината, општеството и ставовите, за децата со попреченост да учествуваат во општествените процеси на рамноправна основа со сите други деца. Треба да ги разгледаме сите креативни концепти и идеи, а со тоа да го промениме начинот на којшто општеството гледа на децата со попреченост и начинот на кој тоа се однесува кон нив. Сакаме јасно и гласно да се слушнат потребите и правата на децата со попреченост, да се создаде поволна клима којашто ќе ги негува прифаќањето и суштинската интеграција на децата со попречености во рамки на заедницата. Според Бочварски, мора да се зборува јавно за предрасудите за овие деца: - Затоа се важни ваквите настани. Затоа што мораме да говориме за различноста, но и за предрасудите со кои децата со попреченост се соочуваат. Само така ќе се разбуди, поттикне и развие свеста кај младите луѓе за важноста на прифаќањето на индивидуалноста и различностите во секојдневното живеење. Пред еден месец под покровителство на градоначалникот како дел од програмата за одбележување на денот на ослободувањето, на 8 ноември беше оддржана забавна манифестација за овие деца.
|