Вторник, 28 Ноември 2017 08:37 |
Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски синоќа ја продолжи серијата на состаноци и средби со жителите на урбаните заедници во Штип. Повод за средбите беше изготвувањето на новиот буџет на локалната самоуправа за 2018 година и утврдувањето на ставки за реализација на проекти кои урбаните заедници ќе ги побараат од општината и градоначалникот.
Првата средба се оддржа минатата недела а синоќешната средба со почеток во 18:00 часот се оддржа во големата сала на Општина Штип со претставници и жители на урбаните заедници: 8 ноември, Брегалница, Ново Село, Славчо Стојменски, Автокоманда, Баби, Пребег, Дузлак и Сењак
Тие имаат можност да ги кажат предлог проектите кои сакаат да се реализираат со новиот буџет на општината.
|