Бетонирање два краци од ул. „Косовска“ |
Понеделник, 23 Април 2018 13:26 | |||
Денеска градоначалникот на Општина Штип изврши увид врз реализираниот проект – тампонирање и бетонирање два краци од ул. „Косовска“. „Се наоѓаме на ул. „Косовска“ за да објавиме дека во изминатиот период се работеше на реконструкција на оваа улица. Ние во изминатиот период извршивме тампонирање на улица Косовска и бетонирање на оваа улица. Се бетонираше затоа што во вакви услови, во ваков стрмен терен, не може да се асфалтира, но улицата подобро технички е изводливо да биде бетонирана. Имаме истампонирано и избетонирано 730 метри квадратни улица овде, со што овозможивме граѓаните повеќе да не газат по кал. Тоа ни беше и предизборно ветување, но и покажуваме дека работиме не само во централното градско подрачје, туки и онаму каде воопшто немаше елементарни услови за функционирање за живот на граѓаните. Со ова сакаме да покажеме дека секој граѓанин ни е важен, дека секоја точка од територијата на Општина Штип ни е важна и затоа се зафативме да ги решаваме еден по еден овие проблеми, за коишто се немало слух во претходниот период,“ истакна градоначалникот Бочварски. Работните единици на ЈП „Стипион 2011“ работеа на тампонирање, а подоцна и бетонирање на два краци од улицата „Косовска“, едниот во должина од 100 метри, а другиот во должина од 50 метри. Тампонирана и бетонирана е површина од вкупно 730 метри квадратни, а овие активности чинеа вкупно 820.000 денари. Овие два краци од улицата „Косовска“ се прилично стрмни и претставуваат сериозен предизвик за работа. Истите е невозможно да се асфалтираат, па затоа беа бетонирани. Во секој случај, овие два дела од улицата „Косовска“ конечно се урбанизирани и добија убав лик, а жителите на овој дел од градот конечно добија пристоен пристап до нивните домови, онака како што заслужуваат сите наши жители. Се гради по план и им се овозможува инфраструктура на сите. Се приспособува целата постојна урбана и рурална инфраструктура да биде во функција на потребите на граѓаните. Се гради одговорно, квалитетно и домаќински, за секој граѓанин да добие решение кое ќе му го подобри животот во неговата средина.
|