Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Настани Акција „Пролетно чистење и уредување“
Акција „Пролетно чистење и уредување“
Четврток, 12 Април 2018 13:28

proletno cistenje-1Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски изврши увид во акцијата „Пролетно чистење и уредување“ која се одвива во населба Сењак. Во оваа акција се вклучени штипските јавни претпријатија и институции, кои покрај нивните тековни активности, во неделниот план за работа вклучија и активности фокусирани токму на оваа урбана заедница. Изминатите денови во Сењак се чистеше смет, се средуваа старите дрвја коишто претставуваа опасност по имотот и безбедноста на жителите, се чистеа дивите депонии, се обележуваше хоризонталната патна сигнализација.

„Денеска се наоѓаме во населба proletno cistenje-2Сењак во којашто веќе трет ден двете јавни претпријатија заедно со урбаната заедница и со граѓаните а веќе и со овие две институции, клонот „Сончогледи“ при детската градинка „Астибо“ и ООУ „Димитар Влахов“ Штип работат на уредување на своите дворови и на разубавување на оваа населба Сењак. Изминатите три дена се работи на расчистување на сметото, средување на дрвјата кои беа опасност за граѓаните, замена на околу 50 светилки во населба Сењак, обележување на хоризонтална сигнализација, 10 000 м2 зелени површини се искосени со што во пролетта и летото ќе имаме разубавена населба Сењак за граѓаните коишто живеат овде,“ изјави градоначалникот Бочварски.

proletno cistenje-3Денеска во акцијата се вклучуваат и институциите чиишто седишта се наоѓаат во урбаната заедница Сењак, односно клонот „Сончогледи“ при детската градинка „Астибо“ и ООУ „Димитар Влахов“ Штип. Во дворните места на овие две институции денеска се одвива уредување и чистење.

Во дворот на клон „Сончогледи“ во соработка со ЈП „Исар“ ќе бидат засадени садници од јасен и бреза. Во ООУ „Димитар Влахов“ ќе се бојадисува оградата на дворот, ќе се чисти училишниот двор и ќе бидат засадени цвеќиња. ЈП „Стипион 2011“ денеска ќе работи на поправка на уличното осветлување, а исто така и ќе го изнесува шутот од градинката и училиштето. Акцијата „Пролетно чистење и уредување“ ќе продолжи во текот на целиот месец и ќе ги опфати сите урбани заедници на територија на Општина Штип.

 

Оваа акција од утре се сели во соседната урбана заедница Дузлак, каде ќе се вршат и подготовки за одбележувањето на празникот во недела. Имено, екипите на ЈП „Исар“ веќе ја исчистија дивата депонија кај Света Недела, која со години беше грда глетка во овој дел од градот. Во пресрет на празникот во недела, целата територија на урбаната заедница Дузлак ќе биде соодветно исчистена и уредена.

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Март 2025
П В С Ч П С Н
24 25 26 27 28 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize