Промоција на Оперативен план за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година |
Четврток, 05 Април 2018 14:03 | |||
„Оперативниот план веќе некое време е пласиран во јавноста и заинтересираните имаат можност да го разгледаат, но она што ние денеска го правиме е во насока на продлабочување на соработката со сите чинители во општеството, а со цел реализација на мерките од Оперативниот план. Со оваа стратегија се обезбедуваат нови работни места и се дава шанса на сите. Секоја од овие мерки е чекор кон справување со проблемот со невработеноста, којашто за нас е горливо прашање. Нашите сограѓани имаат право на пристојна работа со која ќе си обезбеди достоинствен живот. Затоа нашата заложба е да понудиме шанса за сите. Согласно Оперативниот план, локалните самоуправи Понатаму, локалните самоуправи се вклучени во мерката „Поддршка за вработување инвалидни лица“. Од особено значење за локалните самоуправи е мерката за општинско-корисна работа, чија цел е зголемување на вработливоста преку работно ангажирање невработени лица, насочени кон обезбедување социјални услуги на локално ниво.
После денешните активности и работни средби, убеден сум дека сите општествени чинители ќе имаат можност да ги почувствуваат придобивките од овој убаво изработен Оперативен план, но и дека сите колективно ќе се придвижиме кон одржлив раст и развој и повисока стапка вработеност,“ истакна во своето воведно обраќање градоначалникот Благој Бочварски. Работната средба беше плодна и успешна, а присутните на истата имаа можност да ги слушнат деталите и позитивните страни на новоизработениот Оперативен план.
|