Активности по повод дваесет и втори март |
Вторник, 20 Март 2018 16:03 | |||
„Како што најавивме во вчерашната изјава, еве веќе започна одбележувањето на традиционалниот празник Св. Четириесет маченици или Чет’рсе. Денес по тој повод сме во ОМЦ „Киро Глигоров“ каде што се одржа еколошки квиз на децата од основните училишта во Штип и децата во основното училите во Општина Карбинци. Ова е надоврзување на манифестацијата што започна уште пред три дена, со настапот на културно уметничкото друштво „Ристо Донев“ – учителот. Денес е еколошкиот квиз, утре имаме литературно читање на децата од основните училишта во Штип и во четврток е големиот хепенинг во Дом на Млади Штип“ – изјави раководителката на образование, јавни дејности и ЛЕР, Билјана Казанџиска.
На денешниот настан присуствуваше и Претседателот на Советот во Општина Штип, Јане Миланов, советници во Совет на Општина Штип, раководители на одделенија во Општина Штип. Активностите по повод обичајот Чет’рсе продолжуваат на дваесет и први и дваесет и втори март.
|