Општина Штип дел од проект преку ИПА програмата на ЕУ во партнерство со Општина Аксаково од Бугарија |
Петок, 09 Февруари 2018 14:08 | |||
Првата средба ќе се одржи на крајот на април во Аксаково и Општина Штип ќе ја претставува петчлена делегација предводена од градоначалникот Благој Бочварски. Вредноста на проектот е 150.000 евра, а Општина Штип ќе добие соодветен дел за организирање на средбата на неколку теми на крајот на јуни годинава во Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“. Проектот беше аплициран од страна на Општина Аксаково лани, а Штип е единствен град од Македонија кој е вклучен во овој проект. Освен Штип и Аксаково, во проектот се вклучени уште пет други земји од ЕУ, поточно пет локални самоуправи од пет западноевропски земји. Тоа се Сетубал од Португалија, Монтсерат од Шпанија, кој е во реонот на Валенсија, Озаров Мазовјецки од Полска, Виториа од Сицилија во Италија и градот Викторија од Романија. Во текот на следните три години секој град ќе биде домаќин на по една средба, а претставници од овие седум градови ќе дебатираат за иднината на Европа. Ова е прв пат Општина Штип Состанокот ќе се одржи од 20 до 22 јуни. Со самото тоа што средбата е планирана да се одржи во Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“, имајќи во предвид дека претседателот Глигоров беше политичар кој во деновите на осамостојувањето, заедно со тогашната политичка структура ги постави темелите за евро-перспективите на Македонија, ова е воедно и достојно одбележување во негова чест. Благодарност до Општина Аксаково кои ја вклучија Општина Штип да биде дел од проектот и со тоа овозможија да дадеме свој придонес во спроведување на истиот, на една важна идеја кон која и како град и држава се стремиме, а тоа е членство во ЕУ.
|