Чистење канали во населба Три Чешми |
Четврток, 08 Февруари 2018 15:13 | |||
Во продолжение следи изјавата на градоначалникот: - Денеска се наоѓаме во населба Три Чешми, кадешто заедно со екипите на ЈП „Стипион 2011“ работиме на чистење на отворени атмосферски канали, коишто се во лоша состојба. Доаѓа пролетта и се очекуваат врнежи од дожд. Од Општина Штип мораме да бидеме подготвени за прифаќање на атмосферските води коишто се појавуваат при паѓање дождови, со цел да има проток на вода и да не настанат поплави напролет. Затоа работиме на расчистување На овој начин ги заштитуваме граѓаните од поплави и си го заштитуваме градот од штети коишто можат да се случат при поголеми врнежи во пролетниот дел од годината. Што се однесува до уште еден проблем со којшто сум запознаен од граѓаните од населба Три Чешми, а тоа е проблемот со уличното осветлување, дадов налог веќе од утре овде да биде присутна екипа за одржување на уличното осветлување од ЈП „Стипион 2011“ и да ги заменат сите дотраени, оштетени и уништени улични светилки. На тој начин населбата Три Чешми ќе биде подобро осветлена во наредниот период.
|