Контролна листа на ПУЖССА - Реконструкција на улиците „5ти Конгрес“, „Браќа Даневи“ и „Солидарност“ во општина Штип |
Friday, 05 March 2021 13:42 | |||
There are no translations available. Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Штип аплицираше со проект за Реконструкција на крстосницата помеѓу локалните улици „5ти Конгрес,“ и „Браќа Даневи“ , “Солидарност “во Oпштина Штип. Согласно барањата на Светска Банка беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот. Документот “Контролна листа на План за управување со животната средина и социјалните аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на веб страните на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Штип (http://www.stip.gov.mk/ ) на 05.03.2021. Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.
|