Home Projects Проект „Здрави деца – сигурна иднина“
Проект „Здрави деца – сигурна иднина“
Wednesday, 11 November 2020 13:12
There are no translations available.

Проектот „Здрави деца – сигурна иднина“ е финансиран од страна на Швајцарската амбасада и Министерството за локална самoуправа, а имплементиран од страна на Центарот за развој на Источниот плански регион со вкупен буџет од 2.137.909,00 мкд.

Проектот се имплементираше во две фази односно преку реализација на две главни активности. Првата фаза опфаќа набавка на соодветна опрема и опремување на трите сензорни соби во Штип, Кочани и Делчево, додека втората фаза опфаќа зајакнување на капацитетите на кадарот кој работи со децата со посебни потреби во установите кои се опфатени со проектот.
Сензорните соби преставаат специјално дизајнирана околина која треба да овозможи на детето (лицето) со посебни потреби контролирано изложување на едно или повеќе сетилни доживување со цел поттикнување на сензорната интеграција која е основа за оформување на одговори кон надворешната средина. Контролираното дозирање на едно или повеке сетилни дразби во вид на осмислена игра се во основата на сензорната терапија.
Подобрување на грижата за децата со посебни потреби и користењето на современи алатки за подобрување на нивните способности уште од нивната најмала возраст резултира со подобрени можности за нивно образование и со тоа и нивно полесно вработување кога истите ќе бидат возрасни.
Оспособувањето на лицата со посебни потреби за што е можно побогат социјален и економски живот во голeма мерка ќе го подобри квалитетот, како на нивниот живот, така и на животот на нивните фамилии и луѓето со нивното опкружување.