Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов заедно со ВД директорот на ЈП „Исар“, Трајче Здравков на увид за состојбата на бања Кежовица |
Thursday, 25 November 2021 12:01 | |||
There are no translations available.
Денес Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов заедно со вд директорот на јавното претпријатие Исар Трајче Здравков направија увид во фактичката состојба на бања Кежовица.
За неколку денови, односно на почетокот на месец декември жителите на Штип и граѓаните од регионот ќе може да ја посетуваат бањата. Со санирање на дел од бањата ќе се овозможи користење на истата, односно жителите ќе ги користат термоминералните води кои се исклучително корисни за лековити цели. Со предвидениот буџет во 2022 година ќе се доврши целата реконструкција на бањата и со тоа е реализиран проект кој е од општо добро за сите.
|