29 години од постоењето на Армијата на РСМ |
Wednesday, 18 August 2021 14:55 | |||
There are no translations available. Денес се одбележаа 29 години од постоењето на Армијата на РСМ во касарната „Јане Сандански“ во Штип. Во присуство на командантот и потполковник на вооружените сили Стојанче Костов беше доделена плакета и благодарница на градоначалникот за остварените резултати во Армијата, за нејзиното јакнење и осовременување како и афирмирање на нашата земја. Со особена гордост им го честитаме денешниот празник, упатувајќи искрена благодарност на припадниците на Армијата, на нивната континуирана посветеност, и несебичен ангажман за заштита на територијалниот интегритет и безбедноста на нашата држава. Голема благодарност и на нивната професионалност во справувањето со пожарите. Горди сме на брзата акција, но и за енергијата и трудот кои ги дадоа за огнените стихии да бидат ставени под контрола. Нека ни е честит Денот на Армијата на Република Северна Македонија.
|