Штип добива најмодерна технологија за пречистување на водата за пиење |
Tuesday, 08 June 2021 20:35 | |||
There are no translations available. Штип добива најмодерна технологија за пречистување на водата за пиење. Од денешната работна средба во просториите на ЈП ХС „Злетовица“. На покана на претставниците од јавното претпријатие се одржа работна средба за да се договори во детали динамиката за поврзување на новата филтер станица во Штип, која се гради со средства добиени од владата на Република Северна Македонија. Се работи за инвестиција од околу 5 милиони евра неповратни средства, со што Штип добива најмодерна технологија за пречистување на водата за пиење. Со приклучувањето на Штип кон овој хидро систем, долгогодишно го решаваме прашањето за водоснабдување на градот и најблиските приградски населби со квалитетна вода за пиење.
|