Непознати сторители извршиле бруална сеча на дрвја |
Saturday, 03 April 2021 16:03 | |||
There are no translations available. Нов вандалски чин во Штип, непознати сторители извршиле брутална сеча на дрвја, во населбата Дуизлак во близина на црквата “Св. недела”. За кратко време, ова е втор инцидент. Првиот беше со кршењето на канделабрите, сега со несовесната сеча.. Заштитата на животната средина е меѓу приоритетите на нашата општина. На терен од завчера е излезена екипа, која врши увид. Инспектори, радари, шумска полиција, веќе подготвуваат извештај за овој вандалски чин. Ќе поднесеме соодветна пријава против непознат сторител, а случајот веќе е пријавен во полиција.
|