Во Штип започна вакцинацијата |
Wednesday, 31 March 2021 20:19 | |||
There are no translations available. Денеска на пладне градоначалникот го посети вакциналниот пункт во Здравствениот дом “Панче Караѓазов” во Штип, каде се вакцинираат како што е препорачано, лицата над 77 години и кои се хронично болни. Вакцинацијата со АстраЗенека во Штип се одвива без проблеми согласно сите препораки и протоколи. Вакцинацијата е клучна во борбата против Ковид 19. Градоначалникот разговараше со Марија Димитровска, Началник на микробиологија и епидемиологија, Снежана Трајковска, Директорка на здравствен дом - Штип и здравствени работници кои се дел од спроведувањето на вакцинацијата. Исто така градоначалникот им укажа на граѓаните дека и покрај примањето на вакцината треба да продолжат да носат маски и да одржуваат дистанца. Апелираме до граѓаните да носат маска, држат дистанца и да не се групираат. Да останеме одговорни!!
|