Состанок на Општински штаб за заштита и спасување |
Friday, 30 October 2020 14:34 | |||
There are no translations available. Денеска се одржа седница на Општински штаб за заштита и спасување на кој беа присутни претставници од: ЈП „Исар“, ЈП „Стипион 2011“, ТППЕ Штип, сообраќаен инспектор при Општина Штип. Општинскиот штаб за заштита и спасување ги донесе следните заклучоци: 1. Во наредниот период ќе се врши дезинфекција на дворните површини во градинките и основните училишта и од страна на ЈП „Исар“ и ТППЕ Штип. 2. Се задолжува ЈП „Исар“ да ја следи состојбата на градскиот пазар и по потреба да се преземаат потребните мерки. 3.Општинскио штаб за заштита и спасување ќе достави известување (укажување) до сите надлежни инспекторати за максимално да ги заострат контролите и во рамките на своите надлежности да преземаат соодветни мерки во согласност со дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести. Апелираме граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на здравјето, секако да доставуваат точни податоци во епидемиолошките анкети за точно утврдување на контактите.
|