Дебата со Локален економски совет на тема „Заедно до социјален дијалог на локално ниво“ |
Thursday, 15 October 2020 14:09 | |||
There are no translations available.
Настанот текстилијада се одржува по четврти пат во организација на здружението „Гласен текстилец“, оваа година на тема „Работнички права во време на Корона – Корона права“. В.д. Градоначалникот на Општина Штип имаше поздравен говор пред присутните. „Економски развој и социјален напредок можат да бидат постигнати само во услови на здружено функционирање на властите, работодавачите и работниците. Токму таква е улогата на Економско социјалните совети, било да станува збор за централно или локано ниво. Кај нас , на локално ниво постои Локален економско социјален Совет (ЛЕСС) , кој е трипартитно тело во кое со свои членови партиципираат Советот на општина Штип, Организацијата на работодавачи на Република Северна Македонија и Сојузот на Синдикати и Конфедерација на слободни синдикати. ЛЕСС има консултативно советодавна функција и разгледува прашања и дава мислења, предлози и препораки до Советот на општината и други органи за одредени прашања од економско социјалната сфера. Една од основните негови цели е воспоставување, поттикнување и развој на социјален дијалог помеѓу социјалните партнери и усогласување на нивните различни ставови и интереси на локално ниво. Ова е особено важно во услови на криза која ја живееме и трпиме моментално, кога поради пандемијата на Корона вирусот се изместија , пореметија многу параметри и во делот на економијата но и во делот на она што значи секојдневно живеење,“ истакна в.д. Градоначалникот Миланов во својот поздравен говор. Дополнително свое излагање имаше и сопственикот на текстилна компанија Венцо Филипов. Преку овие настани од социјален и уметнички карактер се прикажува на јавноста за потребата од поддршка за подобрување на правата на работниците и работодавачите. Општина Штип и општинскиот штаб за заштита и спасување има спроведено низа активности во корист на заштита на здравјето на работниците и работодавачите како: дезинфекција на влезовите пред конфекциите како и внатре во конфекциите, дезинфекција на автобусите и автобуските постројки и слично. Во корелација со Здружението „Гласен Текстилец“ и текстилнио кластер се предложи воведување на лице , т.н Ковид координатор во секоја текстилна компанија со задача да внимава и да ги координира работниците за доследно спроведување и почитување на протоколите. Во делот на подобрување и ублажување на последиците врз економската состојба покрај сериозната подршка од страна на Владата преку четирите пакет мерки, и Советот на општината донесе неколку значајни мерки, како: -Ослободување од наплата на комунални такси и користење на јавен простор за фирми погодени од кризата. -Ослободување од плаќање фирмарина за фирми кои немаат остварен приход за време на вонредната состојба. -Ослободување за сите граѓани од плаќање паркинг за месеците мај и јуни.
|